Се чистат дивите депонии во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово, деновиве ја започна третата акција за чистење на „дивите“ депонии во последниве два месеци. Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“, работат на расчистување на пет локации, „Стари Лозја“, кај сточниот пазар, на локалитетот кај „Манкова колиба“, на потегот покрај река Којнарка, од „Димитар Божинов“ до влив на Кумановка и на влезот на населбата „Перо Чичо“, депонија која беше исчистена пред извесен период.

 

Loading...

 

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во следниот период надлежните служби во општина Куманово ќе вршат дополнителен инспекциски надзор и ќе следуваат репресивни мерки кон граѓаните кои нема да го почитуваат комуналниот ред и дисциплина“-изјави, Даниел Стојчевски, советник во кабинетот на градоначалникот на општина Куманово.

 

 

На подрачјето на општината, спорд анализата на стручнитеслужби има регистрирано околу десетина диви депонии, кои несовесните граѓани ги создаваат и покрај редовното чистење.

Во буџетот за 2018 година општина Куманово има предвидено 6,1 милиони денари за заштита на животна средина и додаде дека се предвидени дополнителни субвенции во делот на вклучување на гасифициона мрежа за заштита на животна средина во износ од 150 евра по домаќинство.

 

Loading...

 

“Има предвидено и промотивни спотови на општинската страна, куманово.гов.мк. , каде што функционира електронска адреса на која граѓаните можат да праќааат слики, видео-записи од однесувањето на несовесните граѓани, по што надлежните инспекциски служби ќе можат да превземааат дополнителни мерки за расчистување на истите“ – изјави Стојчевски.

 

 

Тој објаснува дека инспекциските служби презмеаат мерки кон несовесните граѓани. Што се однесува до бројот на поставени контејнери, Стојчевски објаснува дека можеби на некои локации има недостиг, но дека и онаму каде што има поставено, сметот и цврст отпад се фрла околу контејнерите кои остануваат празни.