Се чествува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Сподели со своите пријатели

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј — државен македонски празник кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата.

Loading...

Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Leave a Reply