Се бараат млади луѓе заинтересирани за обуки за започнување локален бизнис

Сподели со своите пријатели

Се бараат 20 млади луѓе кои се на возраст од 20-27 години, со или без завршено високо образование кои имаат интерес да се здобијат со практични примери и креирање конкретни идеи како да започнат и да водат успешен локален бизнис.

Вклучените луѓе треба да потекнуваат од општините Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово или Кратово. Обуките за креирање на бизнис план ќе се одвиваат во текот на два викенди, едниот викенд во Куманово, а другиот во општината Старо Нагоричане.

Првата обука започнува веќе овој петок (1.4.16), а втората се очекува да биде викендот потоа. Обучувач е професорка Наташа Ристовска од Универзитетот за Туризам и Менаџмент и млади луѓе со искуство во креирање и имплементирање на бизнис план.

Обуките ги ораганизира Здружението “Доверба” од Куманово, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот телефонски број 075/876289. Лице за контакт: Ивана.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.