Се бараат мајка и ќерка од Куманово: Исчезнати скоро месец дена

Сподели со своите пријатели

На триесет и двегодишната Сабина Сабединовска и нејзината малолетна ќерка од Куманово им се губи секаква трага од пред скоро еден месец.

Loading...

Семејството во немоќ да стапи во контакт со нив денеска се обрати и до медиумите преку кои апелира до граѓаните доколку ги забележат да пријават во најблиската полициска станица или да се јават на советникот Самет Салиевски на бројот 071 329 068.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека кај нив случајот е пријавен на 9ти сепември, но засега потрагата не дала резултати.

– На 09.09.2022 во 14.30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Последен пат лицата биле видени предел на кумановската населба Средорек.

Никола Ивановски