Се асфалтира влезот на Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Влезот на Куманово, односно дел од улицата „11 Октомври“ кој со месеци беше раскопан поради имплементација на ИПА 2 проектот за обнова и поставување нова канализациона мрежа, конечно влегува во завршна фаза.

 

Loading...

 

Вчера започна поставувањето нова асфалтна подлога, по многуте реакции од граѓаните кои дел ги оштетија и своите возила, но и по неколкуте прес конференции на опозицијата.

 

Од локалната самоуправа истакнаа дека при поставувањето на канализационата мрежа дошло до пукање на водоводна цевка која предизвикала дополнителни оштетувања на патот, па се чекало нејзино санирање за да може да се продолжи со асфалтирањето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.