Се асфалтира улицата „Романовска“ во населбата Тоде Мендол (галерија)

Сподели со своите пријатели

Улицата „Романовска“ во населбата Тоде Мендол, меѓу народот позната како „Диво Насеље“ конечно ќе добие нов асфалт во површина од 2.500 метри квадратни.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”385″]

 

Градежните работи веќе се во тек и се очекува во наредните денови целосно да завршат, со што долгогодишниот проблем на граѓаните на оваа улица ќе бидат решени.

Асфалтирањето на улицата е во рамките на пролетното реконструирање и изградба на улици во приградските населби, проект кој Општина Куманово го започна, а во кој беа опфатени неколку населби низ градот, при што беа асфалтирани поголем број улици.

Споре динформациите од локалната самоуправа проектот ќе продолжи да се реализира и во наредниот период.