Се асфалтира кружниот тек кај Митев мост (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна алсфалтирањето на кружниот тек помеѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово, кај локалитетот „Митев мост“, соопштија денеска надлежните од општината.

Loading...

Ова е еден од кружен текови кој во моментов се гради во Куманово.

 

 

-Во тек е асфалтирање на дел од кружен тек помеѓу „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Од општинскиот буџет за изградбата на овој кружен тек одвоени се 35 милиони 868.459, 85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

 

Loading...

 

Тендерот заврши во август, лани.Деновиве почна и асфалтирањето на третиот кружен тек кој пак се гради на крстосницата кај Серава, помеѓу булеварот „Трета Муб“, улиците „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“.

За оваа инвестиција Куманово одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, а го гради кумановската компанија „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“.

 

 

Граѓаните реагираат дека поради речиси истовремената изградба на двата кружни тека во градот се создава метеж.

Loading...

Претходно, општина Куманово го изгради кружниот тек на влезот од Куманово за кој одови 20 милиони денари. Општината најави и кружен тек во близина на автобуската станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко