СДСМ: Зошто просветниот инспекторат молчи за политичката анкета за учениците од Аеродром?

Сподели со своите пријатели

Недозволиво е Просветниот инспекторат да молчи со денови по скандалот што се случи во училиштата во општина Аеродром, кадешто на децата им беа поделени анкети, реагира во писмено соопштение партијата СДСМ откако неколку медиуми објавија вест дека во скопската населба, на учениците им бил доделен анкетен прашалник со политичка содржина.

Loading...

Анкетата којашто беше разделена во училиштата во општина Аеродром е недозволива партизација на образовните инситуции и злоупотреба на децата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за основно и средно образование е јасен, се забранува било какво политичко делување во училиштата. Ова претставува обид за политичка манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз родителите и децата. Просветниот инспекторат мора да реагира и секој што го прекршил законот да сноси одговорност. Граѓаните очекуваат одговори дали од Просветниот инспекторат постапуваат по скандалот со анкетата во училиштата во општина Аеродром? Зошто се уште нема одговори кој ќе понесе одговорност?

На Никола Груевски не му е доволно што направи хаос во образовниот процес па на два месеци на крајот од мандатот ги злоупотребува децата во училиштата, се вели во писменото соопштение на СДСМ испратено до медиумите.