СДСМ: Затворот К’шање со значително подобрени услови

Сподели со своите пријатели

„Затворот во кумановско К’шање има значително подобрени услови и укажува на отчетно работење со цел воспоставување на хумани услови и европски стандарди“, рече денеска на прес конференција портпаролот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Катерина Пешиќ – Бошковска од пред казнено-поправната установа.

Loading...

Како што посочи Пешиќ – Бошковска иако современиот објект е изграден во 2013 година, до неодамна функционирал во услови како од 19 век, а за само две години сликата е променета.

– Помалку познато е дека до пред две години, оваа установа беше изложена на крајно нехумани услови.  Живот зад решетки без вода и без можност за посета од блиските поради непристапниот пат, се само дел од проблемите со кои се соочувала установата. Затворениците не одржувале хигиена поради немањето вода, а во зимскиот период бил спречен и дотур на храна, лекови и вода. Ваквата слика на неквалитетно функционирање на затворот е производ на потребите за сечење ленти при било какво свечено отворање и самопромоција, па така поранешниот министер за транспорт и врски во 2013 година потпишува дозвола за употреба на оваа установа од јавен интерес, без основни услови за функционирање, вели портпаролката на локалниот огранок на СДСМ од Куманово Катерина Пешиќ – Бошковска.

Како што додаде таа, благодарение на директорот Марјан Спасовски и соработката со Владата и Општина Куманово, се решаваат проблемите на институцијата.

– Затворот има континуирано водоснабдување и поставена е атмосферска канализација. Речиси целосно е реконструиран патот до затворот, крак на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, со проширување и поставување гребен асфалт во должина од 1км и 300м.  Со ова се решаваат најгорливите проблеми на оваа установа, купена е и  нова опрема со сопствени средства и воспоставен е нов систем за видео надзор, додаде Пешиќ Бошковска.

Новата слика, како што посочи таа, е поинаква и ветува подобри услови.

Loading...

фото: архива

Leave a Reply