СДСМ за 13 декември го закажа одржувањето на Програмски конгрес

Сподели со своите пријатели

Централниот одбор на СДСМ вчеранавчер едногласно донесе одлука да се одржи Програмски конгрес на СДСМ. Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември.

Loading...

Програмскиот конгрес на СДСМ е отворен за заинтересираните експерти и претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата Програма за граѓаните и за Република Македонија.

СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на новата Програма на СДСМ. На Конгресот на СДСМ ќе усвои Програма што ќе биде преточена во Изборна програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на граѓаните на Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.