СДСМ со осуда за бруталниот физички напад врз Марјан Стаменковски

Сподели со своите пријатели

СДСМ најостро го осудува физичкиот напад што се случи вечерва врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, Марјан Стаменковски, се вели во партиското соопштение објавено по бруталниот напад кој се случи вчеранавечер во Скопје.

Loading...

За СДСМ, тоа што вицепремиерот Пешевски кој го истепа сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, се уште е во својата фотеља до Груевски во Владата, без да биде покрената каква било постапка против него, ги охрабрува и мотивира насилствата што продолжуваат да се случуваат врз лица кои не се поданички наклонети кон власта.

Зачестените подмолните инциденти, чии нарачатели и извршители не се откриваат, или се знаат но се толерираат, упатува на огромна нервоза кај власта на Никола Груевски, којашто е соочена со одговорноста за своите злодела.

Порачуваме веднаш да престане вандализмот што им носи лошо на Република Македонија и граѓаните.

Повикуваме професионалците во МВР да одговорат на работните обврски за коишто се платени од граѓаните и да отворат истраги за сите случаи, вклучително и за вечерашниот.

Укажуваме, дека брзо доаѓа времето, кога насилниците и нивните помагачи ќе одговараат за сите повреди врз граѓаните на Република Македонија, се вели во партиското соопштение на СДСМ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.