СДСМ: Следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните

Сподели со своите пријатели

„СДСМ е подготвена да работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните“, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Loading...

Во продолжение интегралното соопштение:

Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за  продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство.

Со победа на СДСМ и коалицијата, гаѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност.

Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот.

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните.

Никола Ивановски

Leave a Reply