СДСМ: Почнуваме со 20 милиони евра државна помош за малите и средните претпријатија

Сподели со своите пријатели

Државна поддршка за домашните претпријатија скоро и да не постои, обвини денес СДСМ, додавајќи дека власта домашните претпријатија ги користи само за полнење на Буџетот преку даноци и казни.

Loading...

Нема инвестиции во енергетскиот сектор. Иако има услови за домашно производство на струја, граѓаните плаќаат скапа увезена струја, изјави денес Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија.

  1. Годишната државна поддршка за малите и средните претпријатија е во износ од 20 милиона евра во првата година (100 пати повеќе од просекот за време на актуелната власт). Планот е поддршката да достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства се дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од ЕИБ.
  2. Докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот со цел поголема кредитна поддршка и способност за реализација на гарантна шема.
  3. Основање инвестициски фонд за вложување во старт ап и МСП со малцинско учество на државата, а повеќе од 51% да биде во сопственост на заинтересирани приватни субјекти.
  4. Креирање старт ап центри во сите поголеми општини, во кои државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе старт ап компании заедно со инфраструктура и заеднички служби (оддржување, архива, сметководство и сл.) коишто ќе бидат бесплатни за учесниците во центарот.
  5. Можност за основање посебен вид трговско друштво со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Овие трговски друштва ќе имаат  определена ознака и ќе бидат видно одделени од останатите фирми за коишто ќе остане да важи сегашната регулатива. Секој што ке соработува со ваков тип на субјект ќе знае дека основачкиот капитал е 1 евро.

Во поглед на деловната клима, водиме политика на оттргнување на политичарите од економијата и економскиот живот. Обезбедуваме предвидливост на законите и ставиме крај на нестабилноста со постојано менување закони.

На денешниот прес на СДСМ свое обраќање имаше и претседателот на Комисијата за финансии, Кире Наумов, кој појасни други приоритети во економскиот дел и во споменатите области во Третиот столб од Визијата за Македонија.

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.