СДСМ: Овие луѓе превземаа одговорност да го штитат изборниот криминал на Груевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска ќе ги соопштиме луѓето кои преземаа одговорност да го штитат изборниот криминал и изборните измами на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку нарачани судски одлуки, изјави на денешната прес конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Нарекувајќи ги партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Шилегов ги прочита имињата на  Елена Гошева, избрана за судија во 2012 година. Никола Ивановски, избран за судија во 2012 година, Владимир Стојановски, избран 2011 година, Вангелина Маркудова, избрана 2013 година и Јован Јосифовски, избран 2012 година.

Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Целата оваа операција на Никола Груевски е спроведена по експресна постапка од десетина дена.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена на 5-ти февруари, петок. Предметот е започнат да сеработи на 8-ми февруари, понедленик. Допис до Собранието е испратен на 10-ти, а мислењето е добиено на 11-ти февруари.

Целиот предмет бил комплетиран на 18-ти февруари, неполни две недели од поднесувањето на барањето. Одлуката за прифаќање на оваа иницијатива е донесена вчера, на 24-ти февруари, неполни 20 дена од денот на поднесување.

Во нормална постапка за ова се потребни повеќе месеци. Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знаел за што се покренати постапките од Специјалното јавно обвинителство. Во суштина, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го признаа изборниот криминал, изборните измами. СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

Нови криминални избори во Македонија нема да има. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми. Секој што го прекрши законот ќе одговара, изјави Шилегов.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.