СДСМ отвори телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во избирачкиот список

Сподели со своите пријатели

Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија, информираат денес од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Огромниот број на лица, запишани на иста адреса и фантомските гласачи го потврдуваат она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори. Секој нов пример отвора нови нелогичности, нови сомнежи – велат од партијата.

Според податоците на СДСМ и пријавите од граѓаните, на една адреса во Скопје каде што се запишани вкупно 66 лица, еден гласач, со исто име и презиме е запишан и на адреса во Ресен и на адреса во Демир Хисар. На друга адреса во Скопје кадешто се запишани вкупно 30 лица, двајца гласачи од таа адреса со исти имиња и презимиња фигурираат и на адреса во ресенско.

Хаосот којшто реално постои со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас. Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија. Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија – велат социјалдемократите на Македонија.

СДСМ се става на располагање на сите граѓани и од таа причина отвори и посебен телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во избирачкиот список.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.