СДСМ: Општа болница Куманово е светол пример на јавна здравствена установа

Сподели со своите пријатели

Општа болница Куманово е светол пример на јавна здравствена установа која континуирано работи  на унапредување на квалитетот на јавното здравство, велат од Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Loading...

Како што потенцираше на денешната прес конференција, портпаролот на локалниот огрнаок на партијата, Катерина Пешиќ Бошковска, менаџерскиот тим на болницата, предводен од директорката Снежана Захариева, е одлучен да ги уважи потребите на граѓаните со пружање на медицинска здравствена заштита на највисоко ниво, како и специјалистичко консултативна здравствена заштита преку најсовремени методи и стручен кадар.

– Преку домаќинското работење на менаџментот на болницата и заложбите на директорката, во првиот квартал од годината, вратен е долг од 800.000 евра кон ЕВН и ЈП Водовод и до сега се набавени нови апарати од сопствени средства, во вредност од над 100.000 евра. Набавени се: нов стерилизатор, спирометар за пуломогија, холтер апарат за дијагностика за пореметување на срцев ритам, ЕКГ за интерно одделение, стробоскоп за дијагностика за одделението за уво, нос и грло, како и гастроскоп со кој работи обучена лекарка, интернистка. Прегледите веќе се вршат и сите новонабавени апарати се пуштени во употреба за нивната намена, вели Пешиќ Бошковска.

Таа ја истакна и соработката на болницата со ресорното минестрство и Владата со чија помош наскоро се отвора новиот Хирушки ургентен центар.

– Дополнително, покрај новиот објект, со сопствени средства на болницата се реновираа и клиничката и биохемиска лабораторија со нов шалтер, собите и ходниците на инфективното одделение се изолирани и варосани, комплетно е обновена салата за состаноци и архивата, реновирани се собите на гинеколошко-акушерското одделние, а обновени се и просториите за безбедносната служба и камери за видео надзор. Новиот центар за згрижување на жртви од сексулано насилство веќе една година работи успешно. Паралелно со обновувањето и реконструкцијата, а сè со цел подобрување на условите за третман на пациенти, се унапредуваат и стручните вештини на вработените, во однос на дополнителни специјализации. Покрај постојните 79 специјалисти,континуирана едукација на вработенитеќе се оствари и во областа на: физикална терапија, инфективнoто одделение, анестезија, психијатрија, како и субспецијалисти за кардиологија и неонатологија, РТГ дијагностика и оториноларингологија (ОРЛ), додава портпаролот на ОО СДСМ.

Со донација на Пивара Скопје, како што посочи Пешиќ Бошковска, во септемрви ќе се направи адаптација на просторија за школа за родители во административниот дел на болницата, каде на младите родители ќе им се држат предавања на актуелни теми поврзани со грижа за новороденче и подготовка за породување.

Leave a Reply