СДСМ Куманово: Владата инвестираше многу во човечкиот капитал во здравството

Сподели со своите пријатели

„Вложувањата кои Владата предводена од СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата здравствена криза, која не ја заобиколи и нашата држава“, рече на денешната прес конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Loading...

Со оваа криза, според Пешиќ Бошковска, стана уште повидлив фактот дека здравството е еден од основните општествени столбови.

– Иако не е сѐ совршено, продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем. Наш приоритет, уште од самиот почеток е подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услови за пациентите и подобри услови за здравствените работници. Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме услови за нивна работа дома- можност за нивната кариера и иднина да ја градат во нашето јавно здравство, изјави Пешиќ Бошковска.

Како што појасни таа, вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20% од основната плата, за 2 месеци. Наградени ќе бидат сите здравствени работници и персонал вклучени во работа со пациентите заболени од корона вирусот Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид.

– Владата инвестираше многу во човечкиот капитал во здравството. За период од 2 години даде повеќе од 5.000 согласности за вработување во јавно- здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати за време на викендот. За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија. И за прв пат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд, во висина од просечна плата на општ лекар, изјави Пешиќ Бошковска.

Според неа, надминат е и проблемот со недостаток на лекови, укинати се квотите за лекови на рецепт и граѓаните не треба да се грижат дека ќе останат без терапија.

– За 2 години воведовме пет нови лекови за ретки болести, а за пациентите со дијабетес три нови типа високо- квалитетен и сертифициран инсулин. Иновативна биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања, осум нови дигитални мамографи, воведовме и задолжително двојно читање на мамографските снимки, бесплатни ортопедски градници и психолошка поддршка за пациентите со рак на дојка. Две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои се чести во детската возраст. Инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели, нова современа медицинска опрема, возила на Итна медицинска помош. Реконструкции на повеќе одделенија за интензивна нега на клиниките, реновирани операциони сали, реконструкција на служби за итна медицинска помош во Велес и Битола. Нов ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларен центар во Градската општа болница „8 Септември“, ново одделение во психијатриската болница во Негорци и машкиот павиљон во Психијатриската болница во Демир Хисар, 12 нови возила за итната медицинска помош, вели таа.

Како што рече, во овие моменти најважно е да ги поддржиме здравствените работници, да им помогнеме во борбата со корона вирусот.

Loading...

Доколку има продолжен полициски час, Пешиќ Бошковска ги повика граѓаните да се воздрат од негативни коментари, да останат трпеливи и разумни.

Никола Ивановски

Leave a Reply