СДСМ Куманово: Паркинг просторот да служи на спортскиот комплекс, а не на камиони

Сподели со своите пријатели

Паркинг просторот пред Градскиот базен треба да им служи на граѓаните кои ги користат услугите на Спортскиот комплекс, а не на шлепери и камиони кои таму се оставаат, рече денеска на прес конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Loading...

Ваквата реакција на СДСМ, следува по вчерашниот револт на опозицијата за одлуката паркинг просторот на оваа локација да се наплаќа.

Според Пешиќ-Бошковска, очигледно е дека опозицијата ја искривува сликата за залагањата на градоначалникот и општината за уредувањето и одржувањето на паркинг просторот пред Градскиот базен во Куманово.

– Одлуката за наплата на паркинг просторот, ја носи Советот на општината по претходна јавна расправа, кој впрочем е поставен во име на граѓаните на Општина Куманово. Во интерес е и на барање на самите граѓани кои живеат во непосредна близина за посетителите, како и за самите спортски објекти, да се уреди начинот за одржување на овој паркинг простор. Целта е да се прекинат концесии и договори со приватни лица, да се користи паркинг простор, кој треба да му служи на спортскиот комплекс, а не истиот да се користи за камиони, шлепери, за продавање овошје и зеленчук и складирање на автомобили кои не се во употреба, рече портпаролот на кумановскиот огранок на СДСМ.

За наводите дека СДСМ ги уништува спортските комплекси во градот, од СДСМ Куманово велат дека до скоро тие беа во надлежност на ВМРО-ДПМНЕ, кои не покажале грижа за нив.

– Зборувате за период во кој вие бевте на централната власт, а Куманово за вас не постоеше за инвестиции, не можете само поради изборен маркетинг да ја манипулирате јавноста дека спортската сала е сега уништена кога со години ја гледаме во иста состојба. Со враќањето во споственост на Спортската сала и објектот Соколана, градоначалникот и општината заедно со Владата ќе почне со реконструкција на истите, а ќе продолжи со изградба на спортски сали и реконструкција на истите со помош на Владата и со сопствени средства, рече Пешиќ-Бошковска.

Во однос на обвинувањата дека градоначалникот ветил пет катни гаражи, а изградил само една, од партијата на власт велат дека, тоа не е точно.

– Во програмата на градоначалникот се предвидени три катни гаражи, а не пет како што вели опозицијата, и тоа во период од осум години. Досега е поставена една катна гаража и уредени се три паркинг простори на три различни локации во градот, зад „Мај маркет“, спроти Дом на АРМ и зад ЦКБ банка со што се спречува неуредното паркирање во градот.

Loading...

Како што рече портпаролката Пешиќ-Бошовска, како партија на власт прават се што е во нивната моќ за Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply