СДСМ Куманово избра ново партиско раководство (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 делегати, членови на СДСМ Куманово, вчеравечер ги избраа 18-те членови на извршниот и петте члена на надзорниот одбор.

 

Loading...

 

Изборната конференција е редовна, согласно роковникот, откако претходно, за старо-нов претседател на општинската организација на СДСМ беше избран Мартин Костовски.

 

 

Според првиот човек на локалниот огранок, Мартин Костовски, тенкото парламентарно мнозинство, повторно доведува до можни непредвидливи состојби на политичката сцена во Република Македонија, наметнува состојба на перманентна подготвеност за избори и дефинирање на природитетни задачи за релативно краток временски рок.

 

Loading...

 

Како што рече Костовски во своето обраќање пред сопартијците делегати на конференцијата, СДСМ ќе се залага за водење квалитетна кадрова политика со искусни кадри, ќе го стави членството во штабска мобилност, ќе испорачува работи врз основа на барањата на граѓаните, а воедно ќе биде извршена и промена во месните одбори.

Воедно најави и поголема присустност на раководството на ОО СДСМ на терен, започнување проекти за придобивање на нови членови и гласачи преку проектите „СДСМ тоа сум јас“ и „Помориување“, додека преку проектот „Твојот глас“ ќе го унапреди анимирањето на нови гласачи.

 

 

По завршување на конференцијата, Костовски истакна дека и во двете тела изберени се луѓе со искуство, но и нови лица кои додаде,  заеднички ќе придонесат кумановската општинска организација да го продолжи успешниот пат, како што и доликува на една од најголемите општински организации на СДСМ.

 

 

Loading...

– Делегатите дадоа поддршка за новото раководство на општинската организација на Куманово. Во овие тела има членови и од претходниот состав, некои кои во минатото биле во органите на партијата, има и оние кои за прв пат се во партиските тела. На мое задоволство имаме и Ром и Албанец кои се дел од партиските тела во духот на мултиетничкиот концепт кој суштински функционира во СДСМ“-изјави Костовски.

Тој додаде дека ќе функционираат тимски и како и досега ќе го продолжат патот на успехот на кои било избори кои следуваат, нагласувајќи дека Куманово ќе остане бастион на СДСМ.

 

 

Во надзорен одбор се ќе членуваат Иван Николовски, Ивана Денковиќ, Артан Латифи, Александар Спирковски и  Даниела Вучковска, додека во извршниот одбор ќе се најдат 18 членови на партијата.

 

 

Loading...