СДСМ избира мандатар за формирање Влада

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе одржи состанок на централниот и извршниот одбор на партијата, на кој треба да се избере мандатар за сотавување Влада, а според најавите тоа ќе биде претседателот на партијата и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Доколку, претседателот го даде мандатот за формирање Влада на СДСМ, тогаш партијата ќе го предложи Заев за мандатар, иако портапорол на ДУИ, Бујар Османик, дури за понеделник најави официјални информации од преговорите на претседателтсвото на неговата партија, сепак вчеравечер одлуија потписите да ги дадат на Заев за да може да формира парламентарно мнозинство.

Зоран Заев во текот на неделата треба да ги достави потписите до претседателот Ѓорге Иванов, а со тоа и да го побара мандатот за составување на нова Влада.

 

Loading...