СДСМ: Граѓаните пријавуваат бројни неправилности коишто постојат во Избирачки список

Сподели со своите пријатели

Откако вчера Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја отвори линијата за пријавување нерегуларности во избирачкиот список за неполни 24 часа биле пријавени 750 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, информираат од партијата.

 

Loading...

izbiracki spisok 1

 

Осве измислените гласачи, граѓаните пријавиле и 47 непостоечки станови, 14 непостоечки влезови, 112 иселени граѓани, 7 гласачи запишани на адреси на државни институции и деловни простории.

Хаосот оди дотаму, што и на адресите на државните институции и училиштата се запишани лица со право на глас. На пример, на  адресата на Сектор за урбанизам и просторно планирање во Гази Баба запишани се вкупно 9 лица со право на глас, додека со адреса на Државниот пазарен инспекторат, запишано е едно лице со право на глас. На друга адреса во Скопје, во Министерството за економија запишано е исто така едно лице. На адресата на едно основно училиште во Скопје се запишани дури 13 лица. Огромниот број на лица, запишани на иста адреса и фантомските гласачи го потврдуваат она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори – стои во партиското соопштение до јавноста.

izbiracki spisok 3

 

Како што истакнуваат од СДСМ хаосот во избирачкиот список, со којшто јавноста секојдневно се запознава, е резултат на криминална политика што години по ред го крадела правото на слободен глас на граѓаните.

Затоа, овој хаос со избирачкиот список треба да се расчисти. Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите. СДСМ ги охрабрува граѓаните да продолжат да пријавуваат нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија – се додава во сооштението.

Од партијата порачуваа дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.