СДСМ го стеснува кругот на кандидати за градоначалник на Куманово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ е во потесниот круг на кандидати за градоначалник на општина Куманово, дознава Бум, во централното партиско раководство ги  прават последните анкети пред официјалното објавување.

Имало поглем број на кандидати кои се заинтересирани за градоначалничката функција, но во потесниот круг влегуваат само дваица.

Александар Арсиќ  вели дека го прифатил предизвикот за кандидат и дека е подготвен да ги помине изборите и во првиот круг да ја оствари победата во градоначалничката трка.

Точно е дека јас сум еден од кандидатите. Локалните избори ќе се одржат на 15 Октомври, а јас сум подготвен за сите предизвици бидејќи ги знам сите проблеми во општината, а по направените анализи на СДСМ ќе издвоиме убедлива победа во првиот круг. Куманово е Македонија во мало, а програмата ќе биде насочена кон граѓанинот, подобрување на животниот стандард, решавање на урбанистички и комуналните проблеми бидејќи се исти за сите граѓани – вели Александар Арсиќ.

Кандидатура за градоначалник на општина Куманово од СДСМ имаат поднесено повеќе кандидати, а конечниот резултат  од централното партиско раководство  ќе се знае до крајот на месец август.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.