СДСМ го праша Груевски што се случи со ветените 5000 вработувања во Ранковце (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на ОО СДСМ од Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на прес конференција одржана пред  во Ранковце, обвини дека пред повеќе од година и половина, Никола Груевски во таа општина најавил влез на турски инвеститор и инвестиција од 400 милиони долари со отворање над 5 илјади нови работни места, но оттогаш, на повидок нема ништо од ветеното.

Loading...

веибо2

 – Поминаа 18 месеци и нема ништо од најавеното. Уште едно лажно ветување на премиерот во заминување. Во слободната зона во Ранковце нема ништо освен неколку незавршени објекти. Никола Груевски има должност да одговори каде е инвестицијата од 400 милиони евра? Зошто нема отворено ниту едно а не нови 5.000 работни места? , праша Мицевски.

Мицевски на прес конференцијата истакна дека  дека премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја ветиле и брзата сообраќајница со четири коловозни ленти на релација Ранковце – Крива Паланка.

– Ветија нова железничка пруга и автопат кон Бугарија. Ветуваа нови гранични премини кон Голеш и Трговиште. Нов патен правец во должина од 17км кон Македонска Каменица.Ништо од овие ветени проекти, значајни за граѓаните на Крива Паланка и целиот северо-источен регион не се реализирани. Граѓаните се заборавени, истакна Мицевски.

Во Ранковце според дадените ветувања, се очекуваше и да се вработат многу невработени кумановци, со оглед дека во општината има повеќе од 10 000 невработени лица.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.