Сцени како од филмот „Ко то тамо пева“, но не го туркаат автобусот туку авионот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патниците кои се возеле со мал авион на Тара Ер во Непал морале да го турнат авионот од пистата откако му пукнала една гума при слетувањето.

Loading...

Патниците од авионот со 19 седишта се снимени како го туркаат авионот кој минатата недела се заглавил на аеродромот Баџура во Колита. За среќа во оваа ситуација, пилотот успеал безбедно да го приземји.

Персоналот на аеродромот побрза да помогне да ги туркаат авионите преку пистата додека авионите кружеле во воздухот , чекајќи да се расчисти толпата за да можат да слетаат.

Аеродромот нема механизација за вакви ситуации, па беа принудени да се потпрат на добрата волја на патниците и вработените.

Видеото стана популарно на социјалните мрежи.