Кралот на Саудиска Арабија, Салман, го поставил принцот Бадер бин Абдулах Фарах Ал Сауд за министер за култура во новооснованото Министерство за култура.
Принцот е познат по тоа што Њујорк тајмс минатата година го идентификуваше како купувач на најскапата слика на сите времиња на аукција вредна 450 милиони долари, наведува АП.
Сликата е „Salvador Mundi“ (Спасител на светот), односно слика од Исус Христос која се препишува на Леонардо да Винчи.