Најмалку осум воени авиони се уништени во експлозија што се случи во вторникот во руската воздухопловна база Саки на Крим, покажуваат сателитски снимки направени од американската компанија Планет лабс.
Како што пренесува „Гардијан“, сателитски снимки покажуваат неколку уништени борбени авиони во базата Новофедоровик, што може да укаже на можноста за цел напад.
Видеата се направени од приватниот сателитски оператор Планет Лабс на 9 август околу осум часот наутро, веројатно четири часа пред нападот, како и следниот ден, 10 август околу 17 часот.
Тие покажуваат дека најмалку осум авиони се оштетени или уништени.
Причината за експлозијата не е позната. Руското Министерство соопшти дека експлозијата била предизвикана од детонација на муниција, но не е откриено како дошло до детонацијата.
Украинската страна ја отфрли одговорноста за нападот.
First unrectified images of Saki Air Base in Crimea via @planet following yesterday’s multiple explosions. There’s clearly been a massive fire across the base following whatever happened there: pic.twitter.com/vQJa6ljMEv
— Eliot Higgins (@EliotHiggins) August 10, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.