Саркози: Путин беше испровоциран да ја нападне Украина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави дека политичарите кои велат дека е невозможно да се разговара со рускиот претседател Владимир Путин, едноставно никогаш не разговарале и дека Путин бил испровоциран да ја нападне Украина.

Loading...

„Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бикот, немојте да се чудите ако нападне“, изјави поранешниот француски претседател во интервју за BFM-TV.

Тој изјави дека во руската војна против Украина веќе загинале 500.000 луѓе.

Тој исто така истакна дека Русија и рускиот лидер се агресорите, а Украина е жртвата и дека светот треба да размисли како да ја заврши војната.

Според него, постојат две опции, од кои едната е уништување на Русија.

„Но, нема да ја уништиме втората по големина нуклеарна сила во светот, инаку светот ризикува да се лизне во тотална војна“, рече тој.

Претходно Саркози изјави дека Украина треба да одбие да влезе во НАТО и ЕУ и повика на „мировни преговори“ како единствено решение за прекин на конфликтот, пренесува Танјуг.

Исто така, тој ги оцени намерите на Украина да го ослободи Крим како „илузорни“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.