Сара Величковска со прва модна ревија во Куманово – „Walk of Power“

Сподели со своите пријатели

Модната дизајнерка Сара Величковска за прв пат со своја модна ревија ќе се претстави пред кумановци.

Станува збор за ревија насловена „Walk of Power“ која претставува колекција инспирирана од женската моќ и елеганцијата на 40-тите и 50-тите години.

Со структуирани форми, нагласени линии и современи детали, колекцијата ја слави жената, што чекори со сигурност и присуство.

 

 

„Walk of Power“ претставува спој на класични пропорции и модерен израз – визија за женственост што остава впечаток.

Ревијата која ќе се одржи во среда во ресторан „Аура“ со почеток во 19:30 часот, модната дизајнерка, ја прави со Славица Симеуновиќ, моделар со професионално образование стекнато во Падова, Италија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема акција на обвинителството и полицијата во Куманово, се вршат претреси

Величковска е модна дизајнерка која својот професионален развој го гради во Италија, каде ги завршува магистерските студии во Фиренца.

 

 

Нејзиниот дизајнерски израз е препознатлив по јасни силуети, чисти линии и современа интерпретација на класичната женственост.

Сара создава колекции што ја спојуваат уметноста, формата и елеганцијата, при што секое парче носи силен визуелен идентитет и карактер.

На колекцијата „Walk of Power“ работел тим, кој придонел за целосниот визуелен и стилски впечаток. Шеширите се изработени во соработка со Pavo Style, додека уникатниот накит е дело на Бисерка.

 

 

За фризурите се погрижи тимот на Bad Style, а за шминката – Berin Make Up и Melina Essential Beauty.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЈП „Чистота и зеленило“ само ќе го чисти снегот од улиците во Куманово годинава

Декорацијата на ревијата е реализирана во партнерство со Studio Mitanovski, чиј визуелен концепт ја заокружи целата атмосфера на модниот настан.

Поддршка доби и од Macy’s Beauty и Вила Тони и Ozone gold Macedonia.