Санкционирани 18 пешаци на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Осуманесет пешаци вчера добиле казна на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово поради прекршувања.

Loading...

– Вчера (10.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за прекршоци кои ги чинат пешаците на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 18 пешаци, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, информираат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски