Саниран е дефектот, корисниците на гас од Куманово непречено се снабдуваат

Сподели со своите пријатели

Саниран е дефектот на еден од елементите од разделната шахта на Јавното претпријатие „Куманово Гас“ која се наоѓа во стариот градски парк во Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Loading...

-Корисниците на гас имаат редовно снабдување и немаат никакви проблеми со затолувањето-изјави директорот на претпријатието Никола Денковски.

Корисниците останаа без гас, поради дефектот привремено, околу десет часа..

Стануваше збор за посериозен дефект, ангажиравме стручни лица за санација на дефектот, бидејќи мора да се почитуваат високите стандарди и прописи за работа во вакви вонредни услови-појаснува Денковски.

Корисниците на овој енергент, согласно договорите за снабдување кои ги склучуваат со „Куманово Гас“, потенцира Денковски, должни се да имаат обезбедено алтернативен начин на затоплување на просториите, бидејќи оваа е специфична материја и можат да се случат вакви непредвидени состојби.

Од денеска сите корисници имаат непречено снабдување со гас, меѓу нив училишта, градинки и други јавни општински установи.

Извор: МИА

Leave a Reply