Санду: Прерано е да се зборува за излез на Молдавија од Заедницата на независни држави

Сподели со своите пријатели

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека е премногу рано да се зборува за повлекување на земјата од Заедницата на независни држави (ЗНД).

Loading...

„Да зборуваме објективно: ЗНД не е само Русија, туку и други земји. Кишињев доби трговско-економски придобивки не само во односите со Русија, туку и во соработката со другите земји“, изјави Санду синоќа за ТВ ПРО Кишињев, пренесува Танјуг.

 

Канада најави „замрзнување“ на купувањето лично оружје

 

На прашањето што би направиле властите за ненадејно да се отвори прашањето за повлекување на Молдавија од ЗНД по стекнувањето статус на кандидат за ЕУ, Санду одговори дека сѐ уште е рано да се зборува за тоа, пренесува РИА Новости.

„Ајде да дојдеме до тоа и да разговараме. Ајде да одиме постепено“, рече таа.

 

Loading...

Ураганот Агата стигна до брегот на Мексико

 

ЗНД е сојуз на девет поранешни советски републики: Русија, Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан.

Формирана е по распадот на ССР во 1991 година за да се поттикне соработката меѓу земјите членки на полето на економијата, одбраната и надворешната политика.