Канада најави „замрзнување“ на купувањето лично оружје

Сподели со своите пријатели

Канада објави закон кој подразбира „национално замрзнување“ на продажбата и купувањето пиштоли и револвери како дел од пакетот за контрола на оружјето во оваа земја.

Loading...

Новиот канадски закон, кој воведува некои мерки кои беа одложени поради националните избори минатата година, доаѓа само една недела откако вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца учители во нивната училница во американската сојузна држава Тексас, пишува Ројтерс.

 

Ураганот Агата стигна до брегот на Мексико

 

Премиерот Џастин Трудо им рече на новинарите дека се потребни нови регулативи додека насилството се зголемува.

Доволно е само да погледнеме јужно од нашата граница, за да знаеме дека ако не преземеме акција силно и брзо, ќе биде се полошо и полошо и ќе ни биде потешко да се спротивставиме“, нагласи Трудо.

 

Loading...

Расте бројот на жртви од временските непогоди во Бразил

 

Најавеното „замрзнување“ на купувањето оружје вклучува исклучоци, кои вклучуваат спортски стрелци, олимписки спортисти и обезбедување, а на Канаѓаните кои веќе поседуваат пиштоли ќе им биде дозволено да го задржат, наведува британската агенција, пренесува Танјуг.

Властите не очекуваат зголемена понуда на оружје во пресрет на „замрзнување“, делумно затоа што тоа е веќе строго регулирано, изјави владин претставник на прес-конференција.

 

Пронајдени се телата на 22 патници и членoви на екипажот на авионот што се урна во Непал (ВИДЕО)

 

Канада има построг закон за оружје од САД, а стапката на убиства од огнено оружје е помала од една петтина од онаа на Америка, но таа е повисока од оние во другите богати земји и расте, така што во 2020 година беше пет пати поголема отколку во Австралија, пишува Ројтерс.

Loading...