Санација на средните столбови на „Искрин мост“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Интензивно се реконструира мостот над реката Пчиња, познат како „Искрин Мост“ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопштија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта. Во моментов, велат надлежните, се работи на зајакнување на средните столбови. Мостот има осум средни столбови и два крајни, од кои завршени се три средни, а на два столба се врши санација.

Loading...

 

 

-Во моментов се работи на зајакнување на средните столбови/џекетирање (проширување на постоечкиот пресек на столбот за д= 15 см). Паралелно се работи на зајакнување на двата главни челични носачи со предвидените санациони работи според проектната документација. Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека санацијата на мостот се одвива побрзо од нашата предвидена динамика и ќе продолжи и во наредниот период. Нема да има прекин сè додека дозволуваат временските услови, односно додека не мрзне или додека временските услови станат неповолни за работните зафати што се изведуваат на мостот- информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

 

 

Loading...

Изведувач на работите е „Синтек Инженеринг“ од Скопје“, а надзор е „Геинг“ од Скопје. Инвестициската вредност е 99.544.872,00 денари без ДДВ. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта.

 

 

-Рокот за завршување на целокупните санациони работи е 24 месеци од воведот во работа, односно до први јуни, 2022 година, но Јавното претпријатие за државни патишта, искрено се надева дека комплетната санација ќе заврши предвреме, со што ќе се овозможи безбеден премин по мостот на учесниците во сообраќајот на овој патен правец, велат од претпријатието.

 

 

Loading...

Мостот е изграден пред 50-тина години и досега не е извршена санација. Последнава деценија беше во исклучително незавидна состојба. „Искрин мост“ кој се наоѓа во близина на кумановско Доброшане е еден од најдолгите во државата и изнесува 335 метри.

Александра Максимовска, Куманово


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *