23.04.2019 01:34

Самсунг го одложи лансирањето на телефонот со свитлив екран


Произведувачот на паметни телефони, јужнокорејски Самсунг, објави дека го одложува лансирањето на својот уред на преклопување Галакси Фолд, бидејќи некои американски новинари се жалеле дека имаат сериони проблеми со екраните.

– Корисниците ни пренесоа дека на телефонот му се потребни подобрувања. За да во целост ги проучиме жалбите и спроведеме длабински тестови одлучивме да го одложиме лансирањето на Галакси Фолд, наведе групата во соопштението.

loading...

Како што е потенцирано, новиот датум за лансирање на тој модел, кој во петок требаше да биде промовиран, ќе се одложи за следните недели, се додава во соопштението со ветување дека ќе бидат преземени мерки да се засили екранот.

Самсунг го претстави својот нов телефон, кој требаше да чини скоро 2.000 долари, со голема помпезност на настан организиран во февруари во Сан Франциско. Со овој апарат, првиот паметен телефон со свитлив екран, Самсунг оствари голем исчекор во однос на останатите ривали, особено Ејпл.

Останатите го следеа, како што е кинескиот произведувач Хуавеј.

Меѓутоа, минатата недела некои новинари и аналитичари кои го добиле телефонот Фолд за да го тестираат, имаат проблеми, односно екраните се кршеле по само неколку употреби.

Ова е уште еден тежок удар за компанијата чиј углед сериозно е нарушен од 2016 година кога на светско ниво го повлече Галакси Ноте 7 поради проблеми со батерии кои експлодираа, пренесува агенцијата Франспрес.

фото: Принт скрин Јутјуб: Самсунг


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments