Samsung Galaxy S9 пристигнува следниот месец

Сподели со своите пријатели

Иако имаше индиции дека новиот Galaxy S9 уред би можел да биде претставен во јануари, директорот на компанијата Samsung, ДЈ Кох ги прекина шпекулациите на оваа тема со својата изјава.

За време на конференцијата одржана на CES 2018 директорот на компанијата потврди дека Samsung ќе го претстави својот нов flagship Galaxy S9 на MWC кој се одржува во февруари. Компанијата веќе традиционално уредите од серијата Ѕ ги претставува на MWC, па логично е да се очекува и годинава да продолжи традицијата.

Се појавија дополнителни информации кои наведуваат дека новиот модел би можел да биде првиот уред кој ќе има 512GB меморија за чување на податоците. Меѓутоа, како што наведуваат од компанијата се уште не е одлучено дали во продажба ќе се пушти уредот кој ќе поседува толкава количина на меморија.

Секако не останува уште многу до саемот MWC кој се одржува во Барселона во февруари, така да наскоро ќе имаме можност да го видиме новиот модел на Samsung.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.