Самостојна изложба на слики кумановскиот уметник Арсовски во Ќустендил

Сподели со своите пријатели

По успешното претставување на изложбата „Тектонски пореметувања” која брои вкупно  64 слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, на барање од љубителите на уметноста поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 јануари  во 17.00 часот во „Изложбениот салон на Општинскиот театар Ќустендил”.

Loading...

Пошироката публика ќе има можност да ги види и да ужива во делата на нашиот академски современ визуелен уметник Арсовски до 20 Февруари 2020 год.

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 во Куманово Р. Македонија. Дипломирал 2005 и Магистрирал 2007 на Националната Ликовна Aкдемија во Софија, насока  Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев.

Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.

Работи во Национална установа центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.

Работно искуство во сферата на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.

Leave a Reply