Само ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози за членови на Избирачките одбори

Сподели со своите пријатели

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која до полноќ доставиле предлози за свои членови на Избирачките одбори до ДИК.

Ниту ДУИ, ниту пак ДПА доставиле предлози, но засега нема одговор дали и тие ќе ги објкотираат изборите.

Најголемата опозициска партија – СДСМ, не го стори тоа, ако се има во предвид нивниот став дека ќе ги бојкотираат изборите ако претходно не се спроведат неопходните реформи, кои патем ги побара и меѓународната заедница – прочистување на избирачкиот список, реформа во медиумите и одвојување на партијата од државата.

Најава за бојкот вчера најави и Либералната партија, која повика првин исполнување на фер услови, па потоа избори.

Законски, доколку партиите кои имаат такво право не предложат членови за ОИК тие ќе се пополнат од редовите на администрацијата, а следна точка која дефинитивно ќе одреди која партија има a која нема намера да настапи на изборите ќе биде 11 мај, кога е последниот рок до кој партиите и коалициите мора да поднесат листи со кандидати за пратеници. Во меѓувреме се водат преговори за излез од ваквата компликувана ситуација која најверојатно ќе заврши со одложување на изборите или со уште подлабока политичка криза.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.