Само ВМРО-ДПМНЕ, НДМ и СДПM доставиле кандидатски листи

Сподели со своите пријатели

Како што пишува порталот МКД.мк повикувајќи се на еофицијални извори, до Државната изборна комисија до завршувањето на рокот за пријавување на кандидатски листи (синоќа на полноќ) биле доставени пријави на три партии: коалицијата „За подобра Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Народното движење за Македонија и Социјалдемократската партија на Македонија.

Од четирите најголеми политички партии во државата, кои се потписнички на Пржинскиот договор, кандидатски листи поденсе само ВМРО-ДПМНЕ. Сите други партии,  СДСМ, ДУИ и ДПА соопштија дека нема да учествуваат на изборите закажани за 5 јуни.

Претседател на НДМ е Јанко Бачев, а на СДПМ Бранко Јаневски. Партијата ГРОМ на Стефче Јакимовски е дел од коалицијата на владеачката партија. Само ТМРО од коалицијата „За подобра Македонија“ извести дека нема да учествува на изборите.