Само утре во продажниот салон на Мтел во Куманово специјална понуда за сите кои сакаат да уживаат во врвни телекомуникациски услуги и одлична дигитална содржина.
В сабота, 10 декември, од 11 до 15 часот за секоја купена при пејд mSTART 14 картичка во вредност од 249 денари ќе имате можност да добиете и подарок ваучер од 300 денари.
Понудата овозможува веднаш да добиете ексклузивен пристап до мобилните апликации mPLAY TV и Balkan MYusic.
Апликацијата Balkan Myusic на корисниците им овозможува и да ги изберат своите омилени регионални изведувачи и да состават плејлисти според својот вкус за секој дел од денот или пак некоја одредена активност – прошетка, вежбање, возење или едноставно забава со добра музика. Додека апликацијата mPLAY TV содржи 22 телевизиски канали кои може да ги следите во живо. Меѓу нив се најпознатите филмски, музички и информативни канали на Балканот. А, она што можеби најмногу ќе им се допадне на вљубениците во фантастичната регионална филмска продукција е Видео клубот во кој што на располагање за гледање во било кое време се најпопуларните регионални серии и филмови.
Промотивната понуда овозможува навреме да се подготвите за забава со одлична музика и квалитетен избор на филмови и серии за Новогодишните и Божиќни празници.