Само Липково со позитивен природен прираст во Североистокот

Сподели со своите пријатели

Вкупно 245 деца биле родитени на подрачјето на Општина Куманово во текот на четвртото тримесечје од 2019 година, што е за 29 помалку споредбено со 2018та, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Во наведениот период починале 265 лица, што е намалување за 3 смртни случаи. Меѓу починатите има и едно доенче.

Природниот прираст бележи намалување, односно изнесува -20, споредбено со последните три месеци од 2018 година кога природниот прираст изнесувал 12.

Склучени биле вкупно 168 бракови на територијата на општината, а регистрирани се пет разводи. Споредбено со претходната година, биле склучени 23 бракови повеќе, а занчително е помала бројката на разводи која во 2018 година изнесувала 12.

Во општина Липково регистрирани се 82 новороденчиња. Починати се 44 лица, меѓу нив нема доенчиња.  Бројот на разводи изнесува еден, а на новосклучени бракови 102.

Во Старо Нагоричане има негативен природен прираст, таму се родени осум деца, а починале вкупно 25. Но, во посочениот период има пет новосклучени бракови, а ниту еден развод.

Негативен природен прираст имаат и Кратово и Крива Паланка.

Во Кратово биле родени 11, а починале 29 лица. Склучени се 8 бракови, а разведени еден.

Loading...

Бројот на починати во Крива Паланка во последните три месеци од 2019 година изнесувал 49, а се родиле 39 деца. Се склучиле 40 нови бракови, а ниту еден пар не се развел.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.5 % и изнесува 5 103 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2019 година бележи намалување од 1.1 % во споредба со истото тримесечје од 2018  година и изнесува 5 152 лицa, а  од нив 32 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува  – 49, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 381 брак.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 592 разведени бракови.

Никола Ивановски

Leave a Reply