Само 13 слободни кревети во болницата во Куманово, ангажиран сиот расположлив персонал

Сподели со своите пријатели

Сите расположливи здравтвени работници од различни профили се ангажирани во ковид центрите во Куманово со цел да се справат со големиот наплив на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација.

Loading...

Како што информираше денеска директорката на болницата Снежана Захариева, има уште 13 слободни места, но нема да дозволат да остане некој незгрижен.

– Има слободни места, меѓутоа не се многу имаме 13 слободни места со тоа што секој ден се отпушваат пациенти, се примаат нови, добар дел се на дневна болница, но нема да дозволиме да останат незгрижени, рече Захариева.

Иако се ангажирани сите слободни здравствени работници, мора да се внимава и на одделенијата од кои доаѓаат да не останат без персонал.

– Се што можевме ангажиравме, различни профили на кадри, од различни оддели, сепак и другите оддели не можеме да ги оставиме комплетно без персонал затоа што има пациенти со друга здравствена проблематика на кои мора да им пружиме помош, но тие работат со минимален капацитет, воглавно итни случаи, она што е елективно, што може да трпи одлагања, се одлага кога ќе помине овој пик и кога ќе можеме да се вратиме колку толку на нормалните обврски, вели директорката.

Како што појаснува директорката возрасната граница се повеќе се спушта кога се во прашање заболените од ковид19.

– Имаме со средно тешка и потешка клиничка слика и за жал старосната структура е сменета, во однос на претходните два брана, сега можете да видите еве и оние што чекаат за лабораториски анализи, рендген дијагностика и за хоспитализација има и доста млади луѓе на возраст од 30-40 години, а не како што беше од 6о до 70 и нагоре. Во претходните два брана имавме постари пациенти, а сега и помлади, појаснува директорката.

Во однос на вакцинирањето, вели дека ќе се вакцинира, без да прави избор помеѓу вакцините, бидејќи, како што потенцира, подобро било која вакцина, отколку невакцинација.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply