Сами си направиле ПЦР и се обиделе да заминат преку Табановце

Сподели со своите пријатели

Две млади лица од Скопје биле спречени вчера да ја напуштат државата откако на граничниот премин Табановце доцна синоќа приложиле ПЦР тестови што си ги направиле сами.

Loading...

– На 17.01.2022 во 22.50 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при  гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови, за кои во службен разговор признале дека ги направиле сами, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски