Саливан ја потврди комуникацијата со Кремљ

Сподели со своите пријатели

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан потврди дека каналите за комуникација меѓу Вашингтон и Москва се отворени и покрај војната во Украина.

Loading...

За време на своето обраќање во Њујорк, Саливан рече дека во интерес на САД е да одржуваат контакт со Кремљ, истакнувајќи дека американските власти „се свесни со кого си имаат работа“, пренесува Би-Би-Си.

Неговата изјава уследи по извештајот на Волстрит журнал во кој се вели дека Саливан разговарал со руски официјални претставници за да ги намали ризиците војната во Украина да ескалира во нуклеарен конфликт.

Се наведува дека Саливан бил во контакт со советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, но дека тема на разговорот не биле начините за ставање крај на украинскиот конфликт, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Белата куќа не објави јавно никакви разговори меѓу Саливан и висок руски функционер од март, кога американскиот советник за национална безбедност разговараше со Патрушев.

Минатиот месец Саливан рече дека секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има „катастрофални последици за Русија“, според Би-Би-Си.

Тој за Ен-Би-Си изјави дека високи функционери го „нацртале“ степенот на потенцијалниот одговор на САД во разговорите со руски официјални претставници.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон одби да го потврди извештајот на Вол Стрит Журнал, велејќи дека „луѓето тврдат многу“, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да ги коментира наводите на весникот дека Вашингтон имал доверливи разговори со највисоките руски претставници.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

– Немаме што да кажеме за тие наводи. Уште еднаш повторувам дека има некои вистинити извештаи, но главно се е чиста шпекулација – рече Песков на прес-конференцијата и ги советуваше новинарите да се обратат до Белата куќа или во Волстрит журнал за коментар.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во понеделникот рече дека САД го задржуваат правото да отворат канали за комуникација со Русија, додека Саливан, еден од главните советници на американскиот претседател, рече дека одржувањето контакт со Москва е „во интерес на секоја земја што е засегнатa од овој конфликт“, наведува Би-Би-Си.