Сакате да патувате? Ова е списокот каде во моментов е најбезбедно да се оди на одмор!

Сподели со своите пријатели

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) објави нови препораки за патувања за десетици земји низ целиот свет.

Loading...

Новите упатства нудат совети до целосно вакцинираните патници и оние кои не примиле вакцина против ковид 19.

Во своите нови препораки, CDC го ажурираше статусот на неколку земји, објаснувајќи кои од нив имаат најголем и најмал ризик од пренесување на коронавирус, според „Хил“.

 

 

Ниво 1 или низок ризик за патување се државите Исланд, Израел и Сингапур.

Следниве земји имаат ниво 2 или умерен ризик: Ангола, Џибути, Финска и Кенија.

Loading...

Нивото 3 претставува високо ниво на ризик и ги вклучува земјите – Ерменија, Австрија, Белорусија, Канада, Кипар, Данска, Еквадор, Франција, Германија и Грција. Тука се и Унгарија, Индонезија, Иран, Италија, Јапонија, Мексико, Норвешка и Полска.

Ниво 4, односно многу висок ризик, имаат земјите Бразил, Индија, Ирак, Хаити, Никарагва, Северна Кореја, Шри Ланка и Бангладеш.

 

 

За целосен список на земји, видете ја веб-страницата на CDC.

CDC го одредува нивото на ризик врз основа на бројот на случаи со коронавирус во секоја земја.

Општо, CDC продолжува да препорачува луѓето да се вакцинираат против вирусот ковид 19 за да го одржат нискиот ризик.

Loading...

 

Leave a Reply