Една мајка од Мичиген на социјалните мрежи споделила конверзација која ја водила со својата шефица. Разговорот набргу станал вирален и имал неочекувани последици.
Кристал Рејлондс Фишер направила снимка од екранот на својот мобилен телефон за да се види разговорот кој го водела со својата шефица Давн. Преку порака, Фишер и рекла дека нема да може да дојде на работа затоа што нејзиниот син и натаму е на апарати за одржување на животот. Од пораките не се гледа што се случило со нејзиниот син, ни колко долго ќе биде на интензивна нега. Фишер исто така на шефицата и напоменува дека се јавува 48 часа однапред.
– Сакам да ве известам дека мојот син и натаму е на апарати поради што нема да можам да дојдам на работа, напишала во пораката, па нагласила: „Откако ќе му биде подобро, без проблем ќе се вратам на работа“.
На оваа кинеска телевизија наместо луѓе, вести ќе презентираат роботи (видео)
Loading...
Но, одговорот на нејзината шефица не ја шокирал само Кристал, туку и 80.000 луѓе кои ја виделе нејзината објава: „Тоа не е начин на кој тука работиме. Ќе го сфатам тоа дека даваш отказ“.
„Ок, а како тогаш да работам кога моето дете е на апарати за одржување на животот, прашала Кристал.
Давн и одговорила дека ако не може да дојде на работа, значи дека дала отказ. Двете размениле уште неколку пораки, по што Давн рекла дека нема да толерира драма.
Фирмата во која Кристал и Давн работата е „PS Fud Mart“ во Албиона во Мичиген, инаку во сопственост на „Folk Oil“. Фишер на својат ашефица и рекла дека ќе ја контактира управата и ќе ја извести за инцидентот, на што Давн проачала дека тоа секако треба да го направи и и го напишала бројот на телефонот.
На крајот на кореспонденцијата, Кристал ја прашала Давн дали таа била способна да оди на работа и да работи додека нејзиното дете е во болница на апарати. Давн на тоа одговорила: „Да, би била способна затоа што и натаму би имала сметки за плаќање и би требало нешто да ме држи преокупирана. Ние во „Fol Oil“ не доаѓаме и не одиме од работа како ни текнува.
Инструкторка по јога добила отказ затоа што е премногу убава
Но, Давн се излажала. Откако нивната конверзација станала вирална, компанијата издала соопштениет: „Го истраживме целиот случај и утврдиме дека ситацијата не била одработена како што треба, дека намло доволнор азбирање и сочуствување до кои како компанија исклучително се држиме. Затоа веднаш преземавме соодветни кораки и на менаџерката и дадовме отказ. Исто така, вработенат акоја има болен син ја известивме дека може да земе слободно време колку и е потребно за да се грижи за своето дете“.