Човек кој се обидел да запали пајак со запалка е обвинет за многу поголема штета – подметнување пожар на падините на Спрингвил во американската сојузна држава Јута.
Loading...
Колин Ален беше уапсен во понеделникот под сомнение дека подметнал планински пожар кој уништи 60 хектари шума над Солт Лејк Сити.
Покрај тоа, 26-годишниот Ален е обвинет за поседување марихуана и други опијати.
Локалните медиуми јавуваат дека пожарот избувнал кога Ален се обидел да го запали пајакот, по што пламенот прво зафатил мала вегетација, а потоа брзо се проширил во шумата.