Сакал да ја ограби продавницата, но заврш на колена молејќи за милост (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж со секира во рацете се обидел да ограби продавница за слатки.

Loading...

Наместо со пленот во рацете, момчето во протландската продавница „Plaid Pantry“ завршило на колена, молејќи го продавачот за милост.

Иако обидот за грабеж се случил на 28 април околу еден часот наутро, полицијата во округот Клакамас во Протланд дури пред неколку дена во јавноста ја пуштила снимката од безбедносните камери кои го снимиле настанот. Снимката прикажува маж со маска како влегува во продавницата и нагло извлекува секира.

ХИТ: Крадец среде кражба повикал полиција за да го спаси

Меѓутоа, се случи нешто што никој не го очекуваше: продавачот извлекол пиштол кој стоел под пултот, го вперил во крадецот, па земал телефон и повикал полиција.

Во тој момент мажот ја спуштил секирата и според наводите, се откажал од обидот за грабеж со зборовите: „Жал ми е, ќе заминам“.

Крадец остана без пиштол, а за малку и без панталоните (ВИДЕО)

Продавачот му рекол да клекне и да ги крене реацете во воздух, што тој со солзи на лицето го сторил, но избегал.

Loading...

Сега се терети за обид за грабеж, а полицијата се уште трага по него.

Фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply