Сакал да го сними семејството од воздух, па панично гледал што им се доближува

Сподели со своите пријатели

Таткото ги гледал сопругата и трите деца како се капат од брегот и мислел дека е идеална можност да ги сними со дрон од воздух. Кога го вклучил, имал што да види.

Loading...

Ден Вотсон со семејството пливал на популарната плажа Њу Смирна во американската сојузна држава Флорида кога им се случила речиси филмска сцена. Таткото ги гледал сопругата и трите деца како се капат од брегот и мислел дека е идеална можност да ги сними со дрон од воздух. Ја вклучил камерата на дронот, а кога погледнал што има во кадарот останал шокиран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некои луѓе се родени да изневеруваат, но зошто е тоа така?

На десетина метри од неговото семејство кон брегот пливала сенката на ајкула. Таткото веднаш почнал да им вика на сопругата и децата да излезат од океанот.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Dan Watson (@learningcameras)

 

Тој објави две фотографии кои ги објавил на Инстаграм. На првата се гледа како ајкулата плива кон семејството, а на втората како тие истрчуваат од океанот и ајкулата оди кон длабочините.

– Кога мислите на ајкулите, мислите дека се во длабока вода, никогаш не ги замислувам толку блиску и не мислам дека можат да влезат во вода до колена. Застрашувачки е да се види колку се доближи до моите деца – изјави мајката Сали, која беше во водата со децата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Инаку, на Флорида од 1882 година се евидентирани 827 неиспровоцирани напади на ајкула, а последниот напад се случила неодамна кога ајкула каснала 18-годишен маж на истата плажа кој се наоѓаше на даска за сурфање.