Тајнај Овенс е 68-годишната Британка од Вурстершир која сака да се разведе од 80-годишниот сопруг Хју, со кој е во брак 40 години и има две деца, бидејќи тврди дека не е срежна, но Врховниот суд на Велика Британија денеска одлучил да ја одбие нејзината жалба.
ВВС наведува дека Овенс жалбата ја поднела откако сопругот одбивал развод. Врховниот суд едногласно одлучил да ја одбие нејзината жалба разводот да се прогласи со одлука на тој суд, што значи дека таа, по закон, ќе мора формално да остане во брак до 2020. година.
Според важечкиот закон во Англија и Велс, доколку луѓето не можат да докажат дека нивниот брак пропаднал поради неверство, неразумно однесување и напуштање на брачниот партнер, единствен начин за добивање развод е раздвоен живот од брачниот партнер во траење од пет години, наведува ВВС.
Бара да се разведат затоа што и по осум години брак сè уште била невина