САЈБЕР НАПАДИ ВО РУСИЈА: Цел се Кремљ, руската влада и државните медиуми

Сподели со своите пријатели

Официјалната веб-страница на Кремљ, канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин „kremlin.ru“, денеска е урната по извештаите за напади на бројни други веб-страници на руската влада и државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Loading...

Падот на сајтовите дојде откако вицепремиерот на Украина потврди дека „ИТ Армијата“ е лансирана за да се бори против Русија во сајбер просторот, наведува Ројтерс.

Во средата беше откриено дека дел од деструктивниот софтвер циркулира во украинскиот сајбер процесор и влијае на стотици компјутери, тврдат истражувачите на компанијата за сајбер безбедност ESET.

Според Ројтерс, меѓу жртвите на сајбер нападот има владини агенции и финансиски институции.

Минатата недела, Велика Британија и САД обвинија руски воени хакери дека стојат зад серијата сајбер напади кои накратко ги соборија банкарските и владините веб-страници на Украина непосредно пред руската воена интервенција, но Русија тоа го демантираше.

Профили на Твитер поврзани со хакерската организација Анонимус, која првпат го привлече глобалното внимание пред околу 10 години, објавија и планови да ги насочат своите напади против присуството на Русија на глобалната мрежа.